Гугл забрани 3 мобилни апликации за Aндроид корисниците: Избришете ги од телефонот затоа што „Џокер“ демне

Точка

17/05/2022

16:05

36.064

Големина на фонт

а а а

Гугл отстрани три популарни апликации од „Плеј Стор“ затоа што било откриено дека го шират озлогласениот малвер Џокер.

Станува збор за малициозен софтвер кој ги краде парите од корисниците, така што кришум ги претплатува на премиум сервисите.

Голем ризик

Малверот го откриле експертите од компанијата „Kaspersky“, пренесува британски „Express“.

Сајбер-измамниците ја осмислиле оваа тактика за да го излажат Гугл системот за верификација на апликациите, пред да се најдат во каталогот.


Малвер од семејството Trojan. AndroidOS.Joker може да ги пресретне кодовите испратени во текстуалните пораки и да ги заобиколат безбедносните системи. Измамниците ги преземаат оригиналните апликации од продавниците, им додаваат малициозен код и повторно ги враќаат, но под друго име. Тие во поголем случај ја исполнуваат својата првобитна цел, па корисникот нема да се посомнева дека претставува закана“, објаснил во својот блог Игор Головин.

Рачно бришење


За жал не е доволно што насловите се отстранети од продавницата, туку корисниците мора рачно да ги бришат од Андроид телефоните.

Спорните апликации – „Style Message“, „Blood Pressure App“ и „Camera PDF Scanner“ ги презеле илјадници корисници, што претставува голем ризик, предупредуваат експертите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг