Урнебесната реакција на кралицата Елизабета кога на прославата на платинестиот јубилеј слушнала дека е „срце на нацијата“ стана хит на интернет.
Прославата се одржала вчера во дворецот Виндзор, а говорот го одржал телевизискиот водител Алан Тичмарш.
„Веќе 70 години постои постојано отчукување на срцето на овој народ. Тоа срце ѝ припаѓа на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета Втора“, кажал водителот, а публиката започнала да ракоплеска.
Но, кралицата се чини како да не била особено воодушевена.
Снимката за кратко време стана хит, а многумина ја споредиле Елизабета Втора со ликот Алан Партриџ кој го глуми Стив Куган.
— Sohail Shah (@KingOfSunshine) May 15, 2022
„Вака изгледам додека се преправам дека го разбирам семинарот“, се пошегувал еден корисник на Твитер.
„Понекогаш забораваме дека кралицата е всушност „обична“ личност и дека ужива правејќи ги истите работи како и ние. Таа е нечија мајка, баба и прабаба“, додал Тичмарш.