Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото

Дерби

17/05/2022

14:54

3.030

Големина на фонт

а а а

Еден Азар се врати на терените по пауза од три месеци и имаше навистина добри потези против Кадиз, но сепак реално гледано, Белгиецот воопшто не требаше да го заврши натпреварот кој се одигра во неделата.

Крилниот напаѓач понуди многу добри фудбалски работи, но имаше и еден ужасен старт за кој едноставно мораше да заработи директен црвен картон.

Судијата Лахоз му покажа само жолт и покрај тоа што стартуваше со отворен ѓон, а за работата да биде полоша за играчот на Кадиз, клубот соопшти дека станува збор за тешка повреда.

Карлос Акапо самиот покажа како изгледа неговото стапало преку социјалните мрежи, но во продолжение, ја информираше јавноста дека има скршеницата на ногата.

Кадиз извести дека Азар му ја скршил втората и третата метатарзална коска на стапалото, поради што Акапо ќе паузира најмалку два месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг