Ова е единственото овошје кое треба да го јадете по вечерата: Ја намалува надуеноста, го подобрува варењето и помага полесно да заспиете

Точка

17/05/2022

14:32

21.975

Големина на фонт

а а а

Секогаш имаме место за десерт, колку и да сме сити, но сепак сакаме да го „почестиме“ своето тело со нешто здраво и лесно по обилната вечера.

Експертите инсистираат дека ананасот е овошје кое најмногу се препорачува за десерт по вечерата. Не само што е богат со витамини и минерали како магнезиум, кој поттикнува опуштање и го намалува уморот, ананасот се препорачува и поради своите диуретички и дренажни својства кои благотворно делуваат на задржувањето на вода во организмот.


Сочното тропско овошје е познато по своите антиинфламаторни својства бидејќи традиционално се користи за лекување воспаленија и дигестивни тегоби. Ананасот е познат по дигестивниот ензим кој го содржи наречен бромелаин, кој помага во варењето на храната, ја намалува надуеноста и спречува таложење на масти во телото.

Ананасот е исто така полн со влакна кои помагаат за здрава дигестија. Богат е со витамин Ц кој ги штити нашите клетки и помага во изградба на колаген, а само една шолја ананас дневно задоволува 100 отсто од нашите дневни потреби за витамин Ц.


Зошто се препорачува да се консумира навечер?

Ананасот може да ви помогне да заспиете полесно бидејќи содржи 20 милиграми магнезиум во само една шолја (околу 6 отсто од препорачаниот дневен внес). Магнезиумот му помага на телото на разни начини – помага во регулирање на крвниот притисок, функционирање на нервите и мускулите и го пренесува калиумот во телото, смирувајќи го нашето тело и ум.

За вашиот десерт да биде навистина вкусен и благотворен, а со самото тоа да ги отстрани сите тегоби, потребно е да одберете доволно зрел ананас бидејќи само таков е сладок, сочен и навистина ефикасен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг