Монструми: Родители ја продале малолетната ќерка на Белгиец за да може сексуално да ја искористува, приведени три лица

Макфакс

17/05/2022

12:54

4.339

Големина на фонт

а а а

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Секторот за криминалистички истраги, разреши случај за сторено кривично дело трговија со дете, извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија.

Како што информираат од МВР, белгискиот државјанин Л.Д.С. во период од февруари до мај 2022 година, со намера да овозможи вршење полови дејствија со дете или други форми на сексуална експлоатација во Белгија, планирал и со лицата Е.А. и Ф.Б, родители на детето, договорил склучување на присилен брак помеѓу него и нивната малолетна ќерка, односно дете со неполни 14 години.

Заради остварување на својата намера да го однесе детето во Белгија, Л.Д.С. во повеќе наврати престојувал на територија на нашата држава. Со цел да се обезбедат лични документи за патување за детето , Л.Д.С. на родителите на детето им дал околу 2.500 евра и во неколку наврати преку брз трансфер на пари од Белгија на Е.А. му испраќал парични средства во различен износ.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, вчера бил извршен претрес на дом и други простории каде времено престојуваат Е.А. и Ф.Б. во Струга, од каде е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело, додека на скопскиот аеродром бил извршен претрес над лицето Л.Д.С., по што трите лица се лишени од слобода.

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Л.Д.С. (38) од Белгија и Е.А. (33) и Ф.Б. (34) од Скопје, а со привремен престој во Струга, за сторено кривично дело трговија со дете. Денеска (17.05) лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг