Дали сте знаеле дека Пенелопе Круз и Селма Хајек се сестри? Вистинска приказна која остава без зборови!

Точка

17/05/2022

12:01

18.052

Големина на фонт

а а а

Нивното пријателство е одлично сценарио за многу поучен филм за вистинските животни вредности, кои многумина од нас ги заборавиле...

Способноста да го гледате само доброто во луѓето е посебен дар. Таквите луѓе им пружаат безусловна поддршка на оние на кои им е потребна. Токму тоа ѝ поминало низ глава на Селма Хајек кога ја запознала Пенелопе Круз во своите рани холивудски денови.

Мора да се навратиме во деведесеттите, кога актерката Селма Хајек ја почнувала својата актерска кариера во САД. Веќе била позната во Мексико, својата родна земја, но да успееш во Холивуд во тоа време, со латински акцент, не било лесно.

Од друга страна, Пенелопе Круз станувала сè попопуларна, благодарение на улогите во неколку шпански телевизиски серии. После многу трпение и работа, конечно успеала да добие улога во Холивуд, па одлучила да оди во САД на два месеци за да се подготви за неа. И, иако не познавала никого, била одлучна да си го отвори патот во Холивуд.

Првиот контакт на Пенелопе Круз и Селма Хајек бил преку телефон, така се 'запознале'. Кога Хајек слушнала дека Круз ќе оди во Лос Анџелес, одлучила да ѝ помогне без размислување. Селма многу добро сфатила колку може да биде тешко и осамено пробивањето на холивудското платно.

„Нема да те оставам намира“, ѝ порачала на Пенелопе.

Круз пристигнала во Лос Анџелес со идеја да остане во хотел, но Хајек се понудила не само да ја земе од аеродром, туку и ѝ рекла:

„Не одиш во хотел. Доаѓаш во мојата куќа, бидејќи ова е тешко на почетокот и се чувствуваш многу осамено“.

Од тој момент, постојано се грижат една за друга.

Иако поминале децении и двете станале едни од најуспешните актерки во Холивуд, нивното пријателство е сè поцврсто. Толку многу се засакале, што се сметаат за сестри.

Пенелопе Круз во една прилика на сите им ставила до знаење каков човек и пријател е Селма Хајек!

„Ми рече: 'Сакала ти или не, не ме познаваш, но доаѓаш во мојата куќа, нема да те оставам сама'. Од првиот ден беше таква со мене. Беше неверојатно, знаете, некој кој го познавав само преку телефон, така да се погрижи за мене и да ме земе од аеродром. И не само тоа, не ме пушти во хотел!“.

За тоа колку се сакаат и почитуваат, покажала и Селма во 2007-ма година на свечената церемонија на номинациите на Оскарите, кога истакнала колку е горда на Пенелопе.

Од самиот почеток на кариерата успеале да работат заедно на само една продукција - филмот „Bandidas“ од 2006-та година, кој не бил баш успешен, но им пружил задоволство да работат заедно.

Многумина би сакале да ги видат рамо до рамо на некој проект. Холивудски продуценти, што чекате?



Спонзорирани линкови

Маркетинг