Видео за кое сите зборуваат: Што се случува со Путин? Додека разговарал со претседателот на Таџикистан, сите гледале во ова...

Точка

17/05/2022

11:47

16.980

Големина на фонт

а а а

Веќе подолго време се шпекулира и пишува дека рускиот претседател Владимир Путин е болен.

Шпекулациите за лошата здравствена состојба на рускиот претседател се сè почести од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Прво медиумите известуваа дека се претпоставува дека Путин боледува од канцер или Паркинсонова болест, но службени потврди за тоа нема.


Во медиумите сега се појави видео од состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон, а истото иницираше нови гласини дека рускиот претседател можеби е болен.

На видеото кое го споделиле руските медиуми, а кое го пренела и украинската новинарска агенција, Путин ги тресе нозете додека разговара со својот колега, а се потенцира дека тоа однесување е спротивно од нормалното однесување на претседателот, пренесува „Њузвик“.

Необичното однесување го забележал и претседателот Рахмон кој во еден момент погледнува надолу, додека Путин ги тресе нозете зборувајќи за безбедноста на Таџикистан.

По воената парада во Москва во чест на 77-годишнината на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, започнале шпекулациите дека рускиот претседател е болен. Путин во еден момент, во текот на прославата се покрил со ќебе, а поради тоа што му било ладно исто така кашлал.

Мајк Картер, експерт за говор на тело, го гледал говорот на Путин и воочил некои работи во движењата на рускиот претседател кои му биле доволен знак за чувство на непријатност или пак болка.

Картер изјавил дека Путин дишел плитко, бил нестабилен, а тоа може да биде показател на „вознемиреност“, но исто така може да укажува и на здравствен проблем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг