Актерот сите ги потсети на еден од најчудните детали во бракот на Амбер Херд и Џони Деп: „Беше толку гротескно, не можев да не се смеам“

Точка

17/05/2022

23:45

15.837

Големина на фонт

а а а

Популарниот комичар одлучил јавно да застане на страната на постариот колега во екот на парницата која јавноста ја следи, потсетувајќи на еден од најшокантните моменти во бракот на Амбер Херд и Џони Деп.

Пролетта 2016 година, актерката Амбер Херд го обвинила сопругот Џони Деп за физичко насилство и објавила фотографии од модринки за кои тврдела дека се последици од нападот којшто го доживеала. Следел разводот, долги години судски борби, а испливале и снимки од меѓусебните обвиненија, додека пак тие деновиве повторно се во судница.

Деп ја тужеше својата поранешна сопруга поради нејзин текст објавен во 2018 година во „The Washington Post“ затоа што, како што тврди, иако не го именувала, јасно имплицира дека зборува за него.


Во текот на судењето во кое досега слушнавме низа обвиненија кои Амбер и Џони ги кажаа, еден од помалку забележаните детали е присетувањето на моментот кога Херд извршила физиолошка потреба на страната од креветот каде што спие Деп, после некоја кавга која ја имале.

Комичарот Крис Рок во текот на снимањето во Лондон се присетил на оваа епизода. Поради тоа што случајот Херд-Деп предизвика полемика на социјалните мрежи, Крис Рок јасно истакнува дека е многу важно да им верувате на сите жени, но не и на Амбер Херд.

„Верувајте им на сите жени, всушност верувајте им на сите жени освен на Амбер Херд. На што е таа? Го*ната се во неговиот кревет. Еднаш кога ќе извршиш физиолошка потреба на нечиј кревет, едноставно виновен си за сè. Што се случувало таму? И, после тоа останале заедно?“, изјавил Рок.


Иако со текот на годините ова било познато во јавноста, сепак откако Стерлинг Џенкис III, возачот и телохранител на Џони Дрп пред судот раскажал како затекнал човечки фекалии на страната од креветот каде што спие актерот во 2016 година, за темата повторно се полемизира и на социјалните мрежи.

Сè се случило после некоја кавга кога Деп го напуштил нивниот заеднички стан, а Амбер со пријателките отишла на фестивалот „Коачела“ и оставила „изненадување“ на креветот. Џенкис раскажал дека Херд сè му признала, истакнувајќи дека тоа била „шега која излегла од контрола“.

И самиот Џони Деп зборувал за ова и изјавил дека не можел да не се насмее пред бизарната сцена.

„Беше толку гротескно и бизарно што не можев да правам ништо друго освен да се смеам“, изјавил актерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг