Ердоган: Турција не може да каже "да"

Точка

16/05/2022

20:11

3.561

Големина на фонт

а а а

Ердоган ја нарекол Шведска "мрестилиште" за терористички организации и додал дека имаат терористи во својот парламент.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рекол дека шведски и фински делегации не би требало да дојдат во Анкара за да го убедат да ја одобри нивната кандидатура во НАТО.


На прес-конференцијата, Ердоган рекол дека Турција нема да ги одобри нивните кандидатури за приклучување кон НАТО, нарекувајќи ја Шведска "мрестилиште" за терористички организации и додал дека имаат терористи во својот парламент.


Анкара, пренесува "Reuters", вели дека Шведска и Финска имаат прибежишта за луѓе за кои велат дека се поврзани со групи кои ги сметаат за терористички, односно милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК) и следбеници на Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал обидот за пуч во 2016-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг