Пред 5 недели објави дека е бремена, а сега сподели тажна вест дека го загубила бебето: „Ова е ужасен момент за секој родител“

Точка

16/05/2022

20:23

5.024

Големина на фонт

а а а

Пејачката Бритни Спирс објави на Инстаграм дека нејзината бременост добила трагичен пресврт и дека повеќе не очекува бебе.

„Со огромна болка објавуваме дека го загубивме нашето бебе, нашето чудо во текот на раните месеци во бременоста. Ова е ужасен момент за секој родител. Можеби требаше да почекаме со објавата за бременоста, но бевме премногу возбудени. Љубовта која ја чувствуваме едни за други е нашата сила. Ќе продолжиме да работиме на проширување на нашето семејство и благодарни сме за сета ваша поддршка. Замолуваме за приватност во овој тежок момент“, гласи соопштението на Бритни и нејзиниот партнер Сем Ашгари.

 

Имено пејачката пред пет недели објави збунувачка приказна за слабеење, па враќање на килограмите... потоа за тестирање за бременост и на крајот изјави: „Чекам бебе“.

Сè се случи неколку месеци окако заврши старателството кое над неа го имаше нејзиниот татко. Обликот на законско старателство познат како конзерваторски надзор кој го воспостави нејзиниот татко во 2008 година по проблемите со менталното здравје, значеше дека не може сама да донесува одлуки за своето тело, работата и здравјето.

Тоа претставуваше неможност Бритни сама да се движи било каде надвор од домот, да вози автомобил, да снима песни и неавторизирано да дава интервјуа, а ограничувањата се однесуваа и на нејзиното репродуктивно здравје и способност. Имено, на Спирс ѝ била поставена спирала која ѝ оневозможувала да забремени во тој момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг