Не го фрлајте - направете мини пици од бајатиот леб

Точка

16/05/2022

17:22

28.409

Големина на фонт

а а а

Од стариот леб можете да направите многу вкусни рецепти. Во продолжение ви носиме еден од нив.

Состојки:

- 9 парчиња стар леб

- 2 јајца

- 150 мл. млеко

- сол, бибер, оригано, босилек

- 200 гр. шунка

- 150 гр. сирење

- 50 гр. моцарела

- малку кечап

- малку маслиново масло

- малку зелена пиперка и домат за декорација


Подготовка:

Пресечете го лебот на парчиња. Изматете ги јајцата и млекото, па додадете сол и бибер. Ставете хартија за печење на плехот. Наредете ги кришките леб и на секоја од нив распоредете ја смесата од јајцата и млекото.


Овој чекор ќе го омекне лебот однатре додека однадвор ќе остане крцкав. Наредете ги шунката и сирењето. Ставете кечап на секое парче и посипете го со оригано и босилек. Ставете малку маслиново масло.

Печете на загреана рерна на 200 степени од 10 до 15 минути.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг