Килијан Мбапе во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека веќе донел конечна одлука за неговата иднина, но дека истата ќе ја соопшти за брзо време.
Долго време трае оваа сага околу напаѓачот кој официјално е врзан со Пари Сен Жермен до 30 јуни 2022 година. „Светците“ сосема очекувано притискаа да потпише нов договор, додека од другата страна беше Реал Мадрид кој доста време е загреан за напаѓачот за кого минатото лето достави неколку супер понуди кои ПСЖ ги одби.
Сега „кралевите“ можат да го добијат Килијан без никако обештетување, сценарио кое според „Марка“ дефинитивно ќе се реализира. Имено според овој медиум Мбапе решил да дојде до Мадрид, односно зделката е затворена.
И покрај сите понуди, притисоци, убедувања да остане во Париз, францускиот репрезентативец се одлучил да го гледи својот сон и да заигра за шпанскиот првак.
„Марка“ пренесува дека се работи за петгодишен договор во кој Мбапе ќе има „дебела“ откупна клаузула. Годишната плата пак ќе биде далеку од онаа што играчот ја имал на маса во ПСЖ.
Ако ова е точно, напаѓачот за првпат ќе заигра надвор од татковината, пред да настапува за „светците“ беше дел од Монако.