(Видео) Бислимоски најави нов тарифник: Домаќинствата ќе плаќаат струја зависно од тоа колку ќе трошат

Точка

16/05/2022

16:28

5.319

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, информирајќи дека при крај биле анализите за најголемата реформа на тарифниот систем за електрична енергија, на прес-конференција изјави дека во ниската тарифа ќе има само една цена независно од потрошувачката на струјата, во високата, односно скапата тарифа, ќе имало различни цени.

Како што информира Бислимоски, новиот тарифник ќе стартува на почетокот на јули заедно со новиот ценовник на струјата. Компаниите веќе доставуваат пресметки, а ќе се внимава за домаќинствата кои се грееле исклучиво на струја и немале друга можност.

„Дури и да е во највисоката тарифа, потрошувачот ќе си плати најниска цена за оние киловати што влегуваат во првата тарифа, потоа по втора цена ќе му се пресметуваат оние киловати што влегуваат во вториот блок, а по трета, и евентуално четврта, оние во третиот и во четвртиот блок“, вели Бислимоски.

Тој додаде дека ова се прави затоа што има 17 домаќинства кои трошат 10 отсто од вкупната потрошувачка, односно 330 милиони киловат-часови. Тие ќе плаќаат цена блиску до пазарната.

„Ресурсите за производство на струја се намалени и со оваа мерка ќе се намали потрошувачката и ќе започнеме со рационална потрошувачка“, додава Бислимоски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг