„Имаме аудиција за украински стриптизерки“: Клуб во Лас Вегас поставил контроверзен билборд

Точка

16/05/2022

16:16

2.411

Големина на фонт

а а а

На прашањето дали мисли дека огласот е непристоен, сопственикот на клубот инсистирал: „Ние стоиме зад нив, нема тука ништо погрдно“.

Стриптиз клуб во Лас Вегас ги поддржува Украинците во нивната борба против Русија, ангажирајќи стриптизерки од земјата која е во војна.

Местото "Little Darlings" неодамна поставило оглас кој вели: „Сега имаме аудиција за украински стриптизерки“.

Огласот исто така вклучува украинско знаме и порака: „Ние сме со Украина“.

Менаџерот на клубот, Пит Доторе, за "Fox5" рекол дека веќе ангажирале една украинска танчарка која го видела огласот.

На прашањето дали мисли дека огласот е непристоен, сопственикот на клубот инсистирал: „Ние стоиме зад нив, нема тука ништо погрдно“.

Сепак, не сите се согласуваат со ставот на клубот. Локалната бизнисменка Мери Грејс Инигуез на "Fox5" прашала зошто не постои алтернативен пристап.

„Зошто не можеле да понудат директорска позиција во Little Darlings - зошто клубот не би можел да понуди некоја раководна позиција?“, прашала таа.

На ова прашање реагирале и од клубот: „Тоа е работа како секоја друга. Ние не ги експлоатираме жените. Ако нешто, ги експлоатираме мажите“, рекол Доторе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг