Претставникот на Молдавија на Евровизија многумина ги потсети на познатиот актер – ја гледате ли сличноста?

Точка

16/05/2022

15:39

5.711

Големина на фонт

а а а

Фановите на Евровизија на социјалните мрежи тврдат дека воочиле неверојатна сличност помеѓу еден од претставниците на Молдавија на овогодишниот натпревар и славниот актер Адам Сендлер.

Молдавскиот претставник, групата „Zdob şi Zdub“ заедно со дуото „Advahov Brothers“, ја изведоа песната „Trenuleţul“, а многу луѓе кои го следеле нивниот настап сметаат дека фронтменот на групата не бил никој друг туку преправениот Сендлер.

Песната со која Молдавија се претстави беше убава промена на темпото во однос на бавните балади со кои неколку земји одлучија да се претстават. Многу корисници на социјалните мрежи истакнале дека им се чинело како Адам Сендлер да се појавил на евровизиската сцена.

„Овој тип е како мешавина од Адам Сендлер и Џејк Пералта од „Brooklyn 99“, „Дали сте сигурни дека главниот пејач не е само преправен Адам Сендлер“, „Не знаев дека Адам Сендлер е од Молдавија и дека учествува на Евровизија“, гласат дел од коментарите.

Ова е всушност трет пат како „Zdob şi Zdub“ се натпреваруваат на Евровизија, а претходно се појавија во 2005 и 2011 година. За да ги „размрдаат“ нештата, оваа година им се придружи и фолклорното дуо „Advahov Brothers“ кој внесоа виолина и хармоника во целиот микс.

Иако тоа не беше доволно за победа, сепак Молдавија освои 253 бодови и заврши на седмото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг