Бербок: ЕУ мора да го исполни своето ветување кон Западен Балкан

Точка

16/05/2022

15:11

4.841

Големина на фонт

а а а

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска, пред Советот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, истакнала дека ЕУ мора да продолжи не само да пружа поддршка за Западен Балкан, туку и да го исполни даденото ветување тој регион да го воведе во Унијата. Бербок, во изјава за новинарите, рекла дека на денешниот состанок поддршката за Западен Балкан ќе биде голема тема.

Истакнала дека е познато дека Западен Балкан бил и останал изложен на притисокот и влијанијата на Русија.

Поради тоа е важно да не продолжиме само со пружање на поддршка туку и да го исполниме ветувањето кое му го дадовме на Западен Балкан дека ќе го воведеме во ЕУ, по различна брзина, на основа на напредокот, рекла таа.


Бербок подвлекла дека е клучно пристапните преговори со Македонија и Албанија да почнат на почетокот на летото, а дека на денешниот состанок ќе биде извршена подготовка.

Тоа е посебно важно во ова време бидејќи се работи за клучно безбедносно и геополитичко прашање, нагласила таа.


Бербок потсетила дека главна тема на собирот, меѓутоа, ќе биде Украина, и дека се работи на подготовка на шести пакет санкции.

Бербок порачала и дека сите земји треба да одат заедно по патот за излегување од зависноста од руската нафта.


Укажала дека Германија знае дека тоа не е лесно, но дека по тој пат мора да се оди.

Украина ги брани европските вредности и смета дека е важно да се разговара во врска со европските перспективи, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг