Германскиот Бургер Кинг со мени за трудници: Хамбургер со јајца и банана, сладолед и зелени маслинки, рибини стапчиња и сос од јаболко...

Точка

16/05/2022

14:06

26.791

Големина на фонт

а а а

Германскиот Бургер Кинг ја претстави новата понуда на хамбургери наменети за трудници, а менито поради комбинации како сладолед од ванила, јајца и маслинки или хамбургер со палачинки, свежи малини, сладолед и шлаг стана хит на социјалните мрежи.

Можете да бирате помеѓу хамбургер со печени јајца и банана, колбаси со маринирана харинга, сладолед од ванила со јајца и маслинки или хамбургер со палачинки, свежи малини, сладолед, шлаг и говедско месо.

Поради несекојдневните и прилично чудни комбинации на намирници, менито стана хит на социјалните мрежи, а многумина останале зачудени.

„Изгледа како да сте побарале од 6-годишно дете да ја искомбинира сета своја омилена храна“, гласи еден твит.

Меѓутоа, иако на многумина новото мени им звучи прилично бизарно, зад истото се крие објаснување и е наменето за сите идни мајки во Германија.

Според Бургер Кинг, тие се тука да „ги остварат нивните труднички желби преку хамбургер“.

„Со репрезентативно истражување на идните мајки, Бургер Кинг разоткри мит околу желбата за храна во бременоста. Резултатот гласи: копнежот во бременоста е најнормалната работа на светот и отпорот е речиси бесмислен“, велат од компанијата.

Според истражувањето на Бургер Кинг во Германија, 58 отсто од жените чувствуваат копнеж за храна за време на бременоста. Податоците исто така покажуваат дека 3 најпопуларни чудни комбинации на храна кај идните мајки во оваа земја се мармалад и кисели краставички, рибини стапчиња и сос од јаболка и „currywurst“ колбас и маринирана харинга.




Спонзорирани линкови

Маркетинг