Индија забрани извоз – Глобалните цени на пченицата скокнаа

Макфакс

16/05/2022

11:18

1.316

Големина на фонт

а а а

На меѓународниот пазар цената на пченицата скокна откако Индија го забрани извозот на основните житарки, што е највисока цена во последните два месеци.

Цените на пченицата годинава поскапеа за околу 60 отсто на светските берзи, што ја зголеми цената на сè, од леб до тестенини, објавуваат медиумите во светот.

Индија е втор најголем производител на пченица во светот сега, додека порано не беше главен извозник бидејќи повеќето од нејзините култури се продаваат дома.

Владини претставници, исто така, рекоа дека забраната не е трајна и дека може да се ревидира, објави Би-би-си.

Одлуката доаѓа откако украинскиот извоз на пченица падна по руската инвазија.

Со сушите и поплавите кои им се закануваат на посевите и другите главни производители, трговците со стоки очекуваа залихите од Индија да надоместат дел од тој недостаток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг