Добредојдовте во иднината: Градови кои настануваат среде ништо – 5 милиони луѓе ќе живеат поразлично од останатите

Точка

16/05/2022

11:28

39.033

Големина на фонт

а а а

Важно е да покажете дека ви значи планетата Земја. Во случајот на Неом и Телос, сè се врти околу одржливоста – дизајните прикажуваат згради покриени со дрвја, паркови и многу природа.

Технологијата исто така е во средиштето на плановите, а Телос може да се пофали и со автономни возила.

Последните години сведоци сме дека многу од градовите ширум светот отворено се натпреваруваат кој ќе изгради поглем облакодер, кој ќе има полуксузни патишта итн.


Настануваат ли градови среде ништо, и зошто е тоа така?

Според „timeout.com“, најновиот пример на таквиот град се појавува во пустина во Саудиска Арабија. Баш тука, среде ништо, ќе се изградат огромни облакодери. Тоа ќе биде реалност и таму навистина ќе се појави град.

Очигледно, Саудиска Арабија на овој начин сака да му покаже на светот дека е модерна и технолошки напредна земја.

Градот ќе се вика Неом (во превод „нова иднина), подрачјето ќе биде огромно, а проектиран е да нема автомобили и градот да биде напојуван од соларна енергија и енергија од ветрот.

Еден дел од градот дури и би пловел на Црвеното море и така би помогнал во одржувањето на коралните гребени, а планирано е првиот дел од Наома да биде завршен до 2025 година.

И, очигледно дека ова нема да биде единствениот град кој извира „од никаде“. Уше еден целосно нов мегаград „никнува“ во САД. Данската архитектонска фирма BIG и милијардерот Марк Лоре работат на американската населба Телос.

Се проценува дека овој град, чија точна локација треба да биде потврдена, до 2060 година ќе вдоми 5 милиони луѓе.


Па, што е со сите овие малку смешни нови градски планови? Зошто се мачат кога можат да продолжат да ги прошируваат местата кои веќе се населени?

Па, за почеток ова навистина е градење на бренд, а маркетингот и онака веќе долго зазема важни места во нашите животи. Важно е да покажете дека ви значи планетата Земја.

Во случајот со Неом и Телос, сè се врти околу одржливоста.


Еден „паметен град“ кој веќе постои е Сонгдо во Јужна Кореја. Завршен бил минатата година и ги има сите видови практични карактеристики, како што се пневматски цевки кои го „вшмукуваат“ домашниот отпад под земја, осветлување и термостати кои се управувани од апликации и сензори во реално време, а кои го следат и сообраќајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг