Казни за 175 возачи во Скопје, 65 возеле над дозволеното

Макфакс

16/05/2022

09:26

1.362

Големина на фонт

а а а

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 175 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 65 санкции, 39 казни за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикл, 17 казни за возење без возачка дозвола.

Биле изречени и шест мерки за користење на мобилен телефон, 16 казни за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила.

Од МВР со најава дека засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг