Легенди на своите клубови – емотивни збогувања за Лоренцо Инсиње и Марк Нобл

Макфакс

15/05/2022

16:40

3.547

Големина на фонт

а а а

Како што се доближува крајот на сезоната, повеќе фудбалери се збогуваат со своите навивачи пред трансферите во текот на летото, но денеска беше посебно емотивно во Лондон и во Неапол, каде што фановите се простија со две легенди и капитени на своите клубови – Марк Нобл и Лоренцо Инсиње.

На „Лондон стадионот“, Нобл, по 18 години во дресот на Вест хем, се прости со своите верни навивачи, добивајќи овации во 16. минута по бројот на својот дрес, за на крајот да заврши во солзи. Нобл, кој произлезе од академијата на „чеканите“ има над 400 мечеви за Вест хем во кариерата.

И на „Диего Армандо Марадона“ имаше слична атмосфера, каде што уште еден фудбалер кој цела кариера беше посветен на еден клуб се збогуваше со своите навивачи. Лоренцо Инсиње, кој на крајот на сезоната ќе премине во МЛС лигата во тимот на Торонто ФЦ, доби шпалир од своите соиграчи кога излезе на теренот со своите два син, по што доби подаароци од Дрис Мертенс и Калиду Кулибали и посебен трофеј од претседателот Аурелио де Лаурентис (кој пак беше исвиркан од навивачите).

„Знаете дека не сум добар со зборовите, но напишав нешто. Можам само да кажам благодарам на градот кој ми даде многу. Пораснав тука со вас. Славевме, страдавме, понекогаш се расправавме, точно како едно големо семејство. Да се напушти Наполи е како да се напушти домот, секогаш ќе ми неостасувате. Форца Наполи секогаш“, изјави Инсиње.



Спонзорирани линкови

Маркетинг