Андреа Коевска за само една позиција не се пласирала во финалето на Евровизија

Макфакс

15/05/2022

15:51

4.588

Големина на фонт

а а а

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска која во втората полуфинална вечер настапи со песната „Circles“ го освоила 11-тото место, укажуваат податоците од гласањето.

Во финалето се пласираа 10 земји со најголем број на гласови, со што македонската претставничка не успеа да се квалификува за само една позиција.

Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката.

Вчера во Торино, Италија се одржа финалето на музичкиот натпревар, пришто победи Украина со песната „Стефанија“.

Во финалната вечер учествуваа 25 држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг