Мурињо: Конференциската лига за Рома ќе значи повеќе од скудето за Интер или Милн

Макфакс

15/05/2022

10:30

3.035

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо ги пофали „навистина специјалните“ навивачи на Рома, инсистирајќи дека титула од Конференциската лига за римскиот клуб ќе значи повеќе отколку скудетото за Интер и Милан.

По 1:1 ремито против Венеција, петтото место изгледа недостижно за Рома, така што фокусот е на финалето на Конференциската лига на УЕФА против Феенорд на 25 мај, нешто што ултрасите на клубот го покажаа со банер на кој пишуваше: „Крунисај ги нашите соништа за слава и запиши ги нашите имиња во историјата“.

Фудбалерите и Мурињо излегоа да се поздрават со фановите 10-тина минути по крајот на последниот домашен меч за клубот, по што следува гостувањето кај Торино во петок, и финалето на Конференциската лига во Торино.

„Се обидовме да се заблагодариме на навивачите. Ова беше едно семејство. Има начин да им се заблагодариме, со тоа што ќе го дадеме максимумот на теренот. На крајот, ако освоиме трофеј, ќе кажам дека фановите го заслужија тоа. Ако тоа се случи, кога Милан или Интер ќе го освојат скудетото, мислам дека нашиот трофеј ќе значи повеќе поради страста на луѓето. Не знам дали било вака секогаш, но морам да признаам дека Рома има навистина специјални навивачи. Навистина специјални“, вели Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг