(Видео) Украина ја однесе победата на Евровизија 2022

Точка

15/05/2022

01:06

13.691

Големина на фонт

а а а

Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.

Тие во големото финале на Евровизија 2022 година добија вкупно 631 глас од стручното жири и публиката.

Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е овогодишниот победник на Евровизија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг