(Видео) Ја крена Италија на нозе: Констракта ја освои публиката во Торино, Манескин ги повикуваат фановите да гласаат за Србија

Точка

14/05/2022

23:30

14.304

Големина на фонт

а а а

Во тек е финалето на Евровизија 2022, кое се одржува во Торино, Италија.

25-те земји штотуку завршија со своето претставување и започна гласањето за победник на Избор за песна на Евровизија.

Многу земји своите гласови ги насочуваат кон нашиот северен сосед, откако Констракта ја освои публиката во огромната сала во Торино.

Констракта со „In Corpore Sano“ настапи 24-та по ред од вкупно 25-те земји кои се претставија вечерва, а од нив само еден ќе ја однесе победата.

И победниците на минатогодишната Евровизија, групата Манескин, навиваат за српската претставничка Констракта.

Бидејќи не можат да гласаат за своите претставници во Италија, Дамијано Дејвид, пејачот на популарниот бенд ги повика фановите да гласаат за Констракта.


Изгледа Констракта ја доби поддршката од сите големи победници на овој престижен натпревар!




Спонзорирани линкови

Маркетинг