Финскиот претседател му се јавил на Путин и му соопштил дека Финска влегува во НАТО, рускиот претседател се заканил

Точка

14/05/2022

18:09

10.206

Големина на фонт

а а а

Финскиот претседател денеска му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин за да му каже дека Финска ќе поднесе барање за членство во НАТО во наредните денови, пренесува "BBC".

Ниинисто на Путин му кажал дека неодамнешните потези на Русија, како инвазијата на Украина, "го промениле безбедносното окружување на Финска", се наведува во соопштението на финскиот претседател. „Разговорот беше директен и отворен, а воден без заострување. Заклучено е дека е важно да се избегнуваат тензии“, вели Ниинисто.

Путин на својот фински колега му се заканил дека финското откажување од неутралноста и приклучувањето кон НАТО би било погрешно, објавил Кремљ. Путин додал дека не постојат безбедносни закани за Финска, додека потенцијална промена на финската надворешна политика би можела негативно да се одрази на билатералните односи со Русија.

Москва разговорот го опишала како "искрена размена на мислења".

Русија веќе долго се заканува со последици доколку нејзините соседи се приклучат кон НАТО. Ниинисто и финската премиерка во четвртокот повикале на финско приклучување кон НАТО, а се очекува дека исто ќе постапи и Шведска во наредните неколку дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг