Американски сенатор: Помогнете ѝ на Украина, но не по цена на банкрот на САД

Макфакс

14/05/2022

16:51

3.811

Големина на фонт

а а а

Не сите во американскиот Сенат мислат дека на Украина треба да ѝ се помогне по секоја цена.

Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ренд Пол, кој го блокираше предлог-законот за доделување 40 милијарди долари помош за Киев, изјави дека на Украина и посакува успех, но не по цена на банкротот на САД.

„Навистина сочувствувам со Украина и сакам таа да успее, но не сакам тоа да се случи по цена на банкрот на нашата земја“, рекол Пол во интервју за радиото VMAL DC, пренесува „Спутник“.


Претходно тој изјави дека САД не можат да ја спасат Украина, загрозувајќи ја својата економија. Сенаторот посочи дека Конгресот треба внимателно да ги пресмета трошоците што ќе ги има трезорот доколку се усвои иницијативата.

Откако гласањето за нацрт-законот за помош на Киев беше блокирано во забрзан формат, за што е доволен само еден глас против, сега пратениците на Горниот дом на Парламентот документот ќе го разгледуваат во вообичаениот формат. Претставничкиот дом го усвои нацрт-законот претходно оваа недела.

Кон крајот на април, американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да издвои 33 милијарди долари за помош на Киев, но таа сума подоцна беше зголемена на 40 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг