(Фото) Статуата на Агуеро предизвика полемики, а шегата на Крос го освои интернетот: „Сигурни сте?“

Точка

14/05/2022

16:33

3.847

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити пред стадионот подигна статуа од клупската легенда Серхио Агуеро, со цел да ја одбележи 10-годишнината од неговиот погодок кој им ја донесе титулата на прваци во 2011 година.

Но, наместо ликот на Агуеро, многу фудбалски фанови гледаат поголема сличност со ѕвездата на Реал, Тони Крос, кој и сам се пошегува на оваа тема.

Статуата која се наоѓа на источната страна на стадинот Етихад, им се „придружи“ на статуите на другите клупски легенди како Винсент Компани и Давид Силва, а ја изработил скулпторот Енди Скот.

Сепак, на социјалните мрежи дојде до полемика бидејќи статуата според мислењето на многумина, повеќе личи на Крос отколку на Агуеро, а и самиот играч на Реал Мадрид се вклучил во јавната расправа.

Имено, спортскиот новинар на „BBC“ Сајмон Стоун објавил фотографија од статуата, а во описот на истата напишал „Серхио е тука“, а одговорот на Крос на овој твит е урнебесен:

„Сигурни сте?“, напишал везистот и предизвикал смеа кај корисниците на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг