Владетелот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, денеска е избран за нов претседател на Обединетите Арапски Емирати, јавува "Reuters" повикувајќи се на државната агенција "VAM".
Потсетуваме, досегашниот претседател на ОАЕ, Халифа бин Зајед ал Нахјан починал вчера.
„Министерството за претседателски работи му изразува сочувство на народот на ОАЕ, арапската и исламската нација и светот поради смртта на неговото височество шеикот Калифа бин Зајед ал Нахјан, претседател на ОАЕ“, наведено е во соопштението.
Во Обединетите Арапски Емирати по повод смртта на претседателот знамињата се спуштени на половина копје.