Стјуардесите се забранети, пристап до неговиот мобилен телефон постојано... За да биде со Џеј Ло, Афлек морал да ги исполни овие 8 критериуми

Точка

14/05/2022

10:29

77.597

Големина на фонт

а а а

По веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно се заедно, јавноста сè уште ја интригираат новите детали кои се поврзани со овој славен пар.

Џенифер Лопез и Бен Афлек наскоро ќе се венчаат, а ова е нивната втора веридба по речиси 20 години од раскинувањето на првата.

Џеј Ло по првото раскинување со Афлек се венча за Марк Ентони со кој има две деца, меѓутоа, парот се разведе. Потоа ја започна врската со Каспер Смарт, а потоа и со Алекс Родригез, но и двете врски завршија неславно.

Поради лошото искуство кое го имала, Џенифер составила осум правила кои мора да ги почитува нејзиниот партнер.

1. Без стјуардеси

За ова правило е виновен Марк Ентони кој ја изневерил со стјуардеса, па оттогаш тие се забранети во категориите летови со кои Џеј Ло и нејзиниот партнер патуваат.


2. Мора да бидат во одлична форма

Ова е многу значајно за неа, па така и Афлек откако ја официјализирале нивната врска е на посебен режим на исхрана.

3. Пристап до мобилниот телефон цело време

Додека била со Родригез, се појавиле гласини дека тој се допишувал со некоја реалити ѕвезда, па оттогаш Џенифер мора да има слободен пристап до мобилниот телефон од својот партнер.

4. Не повеќе од три пијалаци во текот на вечерта

Џеј Ло не пие и не пуши, па не сака да биде со некој кој има пороци. Дури на Афлек отворено му зборувала за неговата борба со алкохолизмот додека бил во брак со Џенифер Гарнер.


5. Нулта толеранција за флертување

Довербата е една од најмоќните ставки, а доколку не сте сигурни во вашиот партнер дека ќе флертува, тогаш што?

6. Секс четири пати неделно

Ова било еден од условите за брак со Афлек.

7. Без деца

И Џеј Ло и Афлек имаат деца со други партнери, па сега сметаат дека нема потреба да имаат заедничко дете, туку подобро е да воспостават воспитување на нивните веќе пораснати деца.


8. Мора да го прифати Марк Ентони

Со оглед на тоа што со него има деца и дека останале во пријателски односи, дури се и блиски поради децата, Џеј Ло инсистирала Ентони секогаш да биде присутен во нејзиниот живот токму поради таа причина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг