Тесен фустан и нагласено деколте: Меган Фокс е божица на убавината и продолжува да го негува сексапилниот имиџ

Точка

14/05/2022

09:23

15.385

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс заедно со својот вереник, раперот Машин Ган Кели, присуствувала на премиерата на филмот „Good Morning“ во Лос Анџелес.

За таа прилика Меган блескала во секој поглед, но и нејзиниот вереник.

Атрактивната Фокс, која го негува сексапилниот имиџ откако е во врска со музичарот, не отстапила од тој начин на облекување ниту овојпат.


За црвениот тепих одлучила да носи едноставна, ефектна креација – фустан кој бил долг до подот и кој ја следел линијата на нејзиното тело, но и максимално ги истакнувал нејзините атрибути.

Косата ѝ била брановидна, додека пак доминирала и шминката.

Раперот бил облечен во необично одело со цветен дезен, а да ве потсетиме дека Меган за „Glamour“ проговорела и за својата љубов со Кели, истакнувајќи дека верува дека ги споила судбината:

„Тој е мој физички тип кој буквално го манифестирам од својата четврта година. Исто така четири години сум постара од него. Значи, мислам дека сум го создала. Моите мисли и намери го обликувале во личност каква што е. Којзнае како би изгледало или кој би бил да не сум била јас“, изјавила актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг