Ќе раководи со дигитализацијата на земјата: Македонка избрана за министерка во Владата на Словенија

Точка

13/05/2022

22:32

15.338

Големина на фонт

а а а

Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Дух (36) во новата словенечка Влада ќе биде министерка за дигитализација.

Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.

Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на високи позиции во науката, технологијата и математиката.


Емилија учела во природно-математичката гимназија во Виница, по што се преселила во Марибор. Стојменова студирала на електроинженерство на Универзитетот во Марибор и била најдобар студент.

Коалициските партии на новата словенечка Влада што ќе ја предводи Роберт Голоб, завчера ја договорија распределбата на министерските места во Кабинетот, како и текстот на коалицискиот договор што ќе биде парафиран штом ќе биде и формално усвоен од раководните партиски тела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг