Холивудскиот актер Фред Ворд, познат по бројни улоги на филм и ТВ, починал на 79 години, соопштил неговиот публицист Рон Хофман.
Ворд починал на 8-ми мај на 79 години, но веста за неговата смрт била објавена денеска.
Не е наведена причината за смртта.
Ворд почнал да глуми на почетокот на 1970-тите години, по три години служба во американското воздухопловство. Работел и кратко како готвач, боксер и дрвосечач на Алјаска.
Првата голема улога му била во филмот на Клинт Иствуд "Бегство од Алкатраз" од 1979-та година.
Ворд глумел во повеќе од 90 филмови во жанр драма, комедија, трилер, научна фантастика.