Лажни дојави за бомби во Белград – „на мета“ трговски центри и студентски домови

Макфакс

13/05/2022

21:18

6.256

Големина на фонт

а а а

Трговскиот центар „Ада мол“ во Белград денеска бил евакуиран откако вработените добиле дојава дека во зградата има бомба.

Најпрвин околу 15 часот се појави веста дека бомбата била поставена во ТЦ „Ада мол“, а само неколку моменти подоцна стигнале уште две дојави за бомби во трговски центри, пишува „Б92“.

Припадници на полицијата излегле на терен, а по детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни.

Покрај трговските центри, цел на лажни пријави биле и студентските домови „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг