Наскоро обвинение: Четири тужби ќе бидат поднесени за пожарот во модуларната болница во Тетово - кој ќе одговара?

Точка

13/05/2022

21:12

5.180

Големина на фонт

а а а

Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против четири лица, едно правно и три физички за пожарот во модуларната болница, пишува „Дојче веле“.

Како што дознава „Дојче веле“ од извори од државното Јавно обвинителство, предистражната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, во којшто животот го загубија 14 лица, одговорноста ја лоцираше во здравствената установа, како и во три одговорни лица во болницата.

Од Основното обвинителство во Тетово велат дека следниот период ќе биде поднесено обвинение, но без детали, и дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши постапката.

„Предметот е во предистражна постапка. Лоцирана е одредена кривична одговорност. Реферирано е во државното јавно обвинителство и обвинителниот акт е во завршна фаза, а кога ќе заврши ќе бидат објавени информациите за јавноста за лицата за кои е утврдена одговорност. Наскоро ќе биде поднесено обвинение“, соопштија од јавното обвинителство.

Пожарот, во кој изгореа 14 лица, 12 пациенти и две лица придружба, се случи вечерта на 8 септември 2021 година.

На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е во пламен, за три минути.




Спонзорирани линкови

Маркетинг