Хаос на погребот на убиената новинарка во Израел: Полицијата употребила солзавец и пендреци

Точка

13/05/2022

20:46

3.684

Големина на фонт

а а а

Илјадници ожалостени денеска се собрале на улиците на Ерусалим за да присуствуваат на погребот на истакнатата палестинска новинарка Ширин Абу Акле, која била убиена во средата додека известувала за воената рација во градот Џенин на Западниот брег, а израелската полиција употребила солзавец и пендреци поради што на кратко бил испуштен ковчегот.

Погребот бил одржан ден откако во меморијална поворка илјадници луѓе пристигнале во Рамала на Западниот брег, пренесува "CNN".


Стотици луѓе пред погребот се собрале пред болницата Праведен Јосиф во источниот дел на Ерусалим, каде се наоѓало телото на Абу Акле. Муслиманите имале молитва во петокот, а ожалостените извикувале "пешки, пешки", барајќи ковчегот со новинарката да се пренесе пешки од болницата до Грчката православна црква, каде била планирана служба, а потоа до местото на погребот.


Израелската полиција била построена пред болницата, а полициски блокади биле поставени и понатаму.

Ожалостените го изнеле ковчегот на Абу Акле од болницата, но наишле на силен отпор од израелската полиција која ги принудила телото да го пренесат со автомобил.


Палестинско-американската новинарка на Ал Џазира била истакнат глас ширум арапскиот свет, пренесувајќи го патењето на Палестинците и нивната желба за слобода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг