Се огласи Шолц по разговорот со Путин: Овие три работи мора да се испочитуваат

Точка

13/05/2022

21:59

15.929

Големина на фонт

а а а

Кратко откако завршил разговорот помеѓу двајцата лидери, на официјалниот Твитер профил на германскиот канцелар се појавил пост.

Претседателот на Русија Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале денеска по телефон за Украина.

Нивниот разговор траел подолго од еден час, а како што било соопштено од Кремљ, Путин на Шолц му рекол дека напредокот во преговорите за завршување на судирите во суштина е блокиран од Киев, но дека двете страни продолжуваат да разговараат на различни нивоа.


Портпаролот на германската влада рекол дека Шолц му се јавил на Путин и го повикал да нареди прекин на огнот во Украина колку е можно побрзо.

„Примирјето е неопходно за да се подобри хуманитарната ситуација во Украина и да се овозможи напредок во пронаоѓање на дипломатско решение за судирот“.


Во текот на разговорот, кој траел 75 минути, Шолц го потсетил Путин на одговорноста на Русија за глобалната ситуација со храната, додал портпаролот.

Кратко откако завршил разговорот на двајцата лидери, на официјалниот Твитер профил на Шолц се појавил пост.


„Три работи од денешниот долг разговор со Путин - Мора да постои прекин на огнот во Украина колку е можно побрзо. Тврдењата дека таму владеат нацисти се погрешни. И укажав на одговорноста на Русија за глобалната ситуација со храната“, навел германскиот канцелар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг