„Пари“ ја анализира инфлацијата во регионот: Словенците најдобро се држат, Босанците нека му ја мислат

Точка

13/05/2022

13:24

86.578

Големина на фонт

а а а

Од сите страни стигнуваат вознемирувачки вести дека се уште е рано да се каже дека престанува трендот на растот на инфлацијата.

Македонија веќе зачекори во сферата на двоцифрена инфлација, а за двоцифрен пораст на потрошувачките цени известија и од многу други земји низ светот.

Компаратаивната анализа што ја направи порталот „Пари“ покажува дека во регионот, Словенија се уште добро се држи и има убедливо најниска инфлација а Босна и Херцеговина пак, двоцифрена инфлација достигнала уште во март.

Македонија во април ималa инфлација од 10,5 проценти во однос на истиот месец лани, додека во Словенија априлската инфлација е „само“ 6,9 проценти. За другите земји во регионот, не се објавени податоците за инфлацијата во април, односно последните податоци се однесуваат за март. Во Србија, мартовската годиша инфлација била 9,1 проценти, во Црна Гора изнесувала 9,7 проценти, а во Федерација Босна и Херцеговина трошоците за живот во март 2021 година во однос на март 2020 година се зголемиле за 11 проценти.

Годишна инфлација (април, или март – зависно од расположливи податоци)


Во однос на растот на одделните трошоци, евидентно е дека најмногу се зголемиле цените на транспортот. Притоа, најголем раст на трошокот за транспорти има во Босна и Херцеговина, растот бил 24,4% (уште во март), а веднаш зад неа е Македонија во која транспортните трошоци во април се зголемиле 21,8%.

Висок е и растот на цените на храната. Податоците покажуваат дека храната најмалку поскапува во Словенија. Најголема инфлација во цените на храната и безалхкохолни пијалоци има во Црна Гора.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг