Илон Маск со еден потег му го искомплицира животот на Трамп: Дали ќе ги избере парите или влијанието?

Точка

13/05/2022

13:12

34.882

Големина на фонт

а а а

Тој има воспоставена и лојална база на Твитер и оваа социјална мрежа веројатно наскоро ќе биде во сопственост на некој кој се обврза дека ќе се бори за слободата на говорот на платформата.

Кога Илон Маск соопшти дека би сакал Доналд Трамп да се врати на социјалната мрежа Твитер, повторно беше иницирана дебатата за тоа дека поранешниот американски претседател треба да има профил на оваа популарна социјална мрежа – односно не треба.

„Мислам дека не беше во ред тоа што на Доналд Трамп му беше забранет пристапот на Твитер. Мислам дека тоа беше грешка. Јас би ја поништил таа забрана. Неговата забрана за Твитер не го укина неговиот глас, туку го зајакна меѓу десничарите. Затоа тоа е морално погрешно и глупаво“, изјавил Маск неодамна.

Многумина помислија дека ова е одлична вест за Трамп, особено поради тоа што тој долго време не беше активен на Твитер.


Нему по упадот на демонстрантите во Капитол, на 6 јануари минатата година, му беше забранет пристапот на оваа социјална мрежа. После тоа Трамп вложи многу пари за да направи нова социјалната мрежа – „Truth Social“.

Доколку Трамп се врати на Твитер, се предвидува дека неговата социјална мрежа целосно ќе исчезне

Затоа сè повеќе се шпекулира која би била причината поради која Трамп сè уште го чува „Truth Social“. Дали е тоа поради финансиски причини или пак поради гордост? На таа платформа Трамп има околу 80 милиони следбеници.

„Нема да се вратам на Твитер. Ќе останам на „Truth Social“. Се надевам дека Илон ќе го купи Твитер и дека ќе успее да го подобри“, изјавил Трамп.

Оваа одлука била очекувана особено поради тоа што не знаел дека Илон навистина ќе го купи Твитер и дали планира да се врати на таа социјалната мрежа. Меѓутоа, со оглед на тоа што на тие прашања одговорот е „да“, тоа е малку комплицирана работа за Трамп.


Новинарка од „CNN“ тврди дека Трамп планира да остане на својата социјална мрежа, но со најблиските соработници размислува да се врати на Твитер, особено поради потенцијалната кандидатура на претседателските избори во 2024 година. Уште една работа која Трамп мора да ја земе предвид е тоа што неговата социјална мрежа не е толку многу популарна.

„The Washington Post“ минатата седмица пишувал дека платформата има финансиски проблеми.

„Апликацијата која личи на Твитер, во која сите објави се нарекуваат „вистинити“, доживеа пад во преземањата од „AppStore“. Компанијата ги губи инвеститорите, раководството и привлекува помало внимание“, пишува во споменатиот текст.

Апликацијата моментално се наоѓа на седмото место по бројот на преземањата на „AppStore“

Очигледно е дека поради тоа Трамп го зголемил бројот на своите објави. Во последните 24 часа тој напишал четири објави во кои главно го фали успехот на своите соработници. Доколку гледаме на подолги патеки, неговата социјална мрежа не напредува.


Единствената компанија која се занимава со следење на активизацијата, соопштила дека „Truth Social“ доживеала нагол пад на акциите. Тие за кратко се зголемиле минатиот месец, но потоа продолжиле да се намалуваат.

Инаку, Трамп има воспоставено и лојална база на Твитер и оваа мрежа веројатно наскоро ќе биде во сопственост на некој кој задолжително ќе се бори за слобода на говорот на платформата.

Познато е дека Трамп е помалку богат од претходно, а „Truth Social“ во теорија би бил добар прилив на пари за Трамп.

Магазинот „Forbes“ минатиот месец го процени богатството на Трамп и вредноста на „Truth Social“ на 430 милиони долари. Тоа се 430 милиони причини поради кои Трамп веројатно би останал на социјалната мрежа „Truth Social“, но повикот да се врати на Твитер станува сè помоќен и погласен.

Едно е сигурно – што и да избере Трамп, секако ќе изгуби. Доколку ја избере „Truth Social“ го губи влијанието, доколку го избере Твитер ги губи парите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг