За "Sports Ilustrated" за првпат позирала жена која ја покажува лузната од царскиот рез

Точка

12/05/2022

20:39

15.547

Големина на фонт

а а а

Првпат во 58-годишната историја на списанието "Sports Illustrated Swimsuit" ќе се појави манекенка која ја покажува својата лузна од царски рез.

За списанието позирала Кели Хјуз, мајка која родила со царски рез и соработува со брендот "Фрида", кој го основала Чеси Хирчхорн.

Хирчхорн се здружила со списанието за да ги прослават сите мајки кои имаат лузни од царски рез. Со оваа соработка сакаат автентично да ја прикажат убавината на мајчинството и да ги охрабрат жените гордо да ја носат својата лузна, како и да го нормализираат постпородилното закрепнување и изглед.

Царскиот рез е хируршки зафат кој во некои случаи може да се планира, а се прави и во итни случаи ако породувањето не напредува или ако здравјето мајката и детето се во опасност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг