Пред 7 години го загуби едниот син, а сега и другиот: Почина најстариот син на Ник Кејв, само 2 дена откако излегол од затвор

Точка

09/05/2022

21:18

9.497

Големина на фонт

а а а

Џетро Лазенби, син на Ник Кејв, почина на 30-годишна возраст, соопшти денеска музичарот.

Причината за смртта се уште не е позната.

Џетро кој живеел во Мелбурн, бил ослободен од затвор пред 2 дена откако отслужил казна поради напад врз својата мајка.

Лазенби е роден во 1991 година, а неговата мајка била модел и тогашна девојка на Ник. И покрај тоа што го користел името на својот татко за да биде препознаен во манекенската кариера, во минатото истакнал дека славниот татко го запознал дури кога наполнил 7 години.


Џетро и претходно оваа година бил во затвор по напад врз својата мајка, Бо Лазенби. Таа наводно го затекнала својот проблематичен син на влезната врата на 7-ми март нешто после полноќ, пред да ја убеди да му дозволи да преспие кај неа. Следното утро двајцата се скарале, по што Џетро ја удрил Бо во лице, што предизвикало крварење и модринки.


Адвокатот на Џетро, Шон Гатас, рекол дека му била дијагностицирана шизофренија и дека тоа влијаело на неговата процена во однесувањето. Адвокатот барал казната да му се намали и да биде ослободен од затвор, но судијката Дона Бакос го отфрлила истото поради „значајната криминална историја“ на Џетро која вклучувала серија насилни напади врз неговата девојка во 2018 година, поради кои исто така бил некое време во затвор.


За жал, на австралискиот пејач ова не му е прва загуба на дете. Во јули 2015 година, неговиот 15-годишен син Артур паднал од карпа и починал на лице место. Како што било подоцна утврдено, тој бил под дејство на халуциногена дрога ЛСД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг