Прва фотографија во дресот на Манчестер Сити: Ерлинг Халанд ги минал медицинските прегледи

Макфакс

09/05/2022

20:22

4.301

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и дефинитивно прави голем трансфер во Манчестер Сити. Тоа стана јасно во текот на денот, а сега излезе и првата официјална фотографија на еден од најдобрите голгетери во дресот на „граѓаните“.

Ерлинг Халанд денеска ги минал медицинските прегледи во Манчестер Сити, ги договорил сите детали и се враќа во Дортмунд. Сега Манчестер Сити треба да ја плати отштетнната клаузула од 75 милиони евра, по што во првите денови од летниот преоден рок трансферот и официјално ќе биде реализиран.

Ерлинг Халанд тргнува по стапките на неговиот татко кој исто така го носеше дресот на Манчестер Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг