Навивач на Далас исфрлен од салата поради конфликт со Пол, кошаркарот реагираше на Твитер

Дерби

09/05/2022

11:56

8.383

Големина на фонт

а а а

Феникс го загуби четвртиот натпревар во серијата со Далас, а една од причините за последниот неуспех е и слабиот настап на Крис Пол.

Гостинскиот кошаркар мораше предвреме да го напушти натпреварот поради шест лични грешки, а притоа уфрли само 5 поени.

Пол долго ќе го памети овој дуел и поради конфликтот со еден фан на Далас, кој експресно беше исфрлен од арената од страна на обезбедувањето.

Домашниот фан наводно го вознемирувал семејството на Пол кое го следело дуелот од зад клупата на Феникс, а по мечот Пол со твит објасни дека е крајно револтиран од ситуацијата.

- Ги казнувате кошаркарите ако им речат нешто на фановите, но фановите може да ставаат рака на нашите семејства, – напиша Пол, заокружувајќи го твитот со сочна пцовка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг