Туристичкиот сојуз на Црна Гора ја претстави летната понуда пред македонската јавност

Точка

09/05/2022

10:31

3.371

Големина на фонт

а а а

Туристичкиот сојуз на Црна Гора го посети Скопје и во хотелот Tim’s, пред локалните медиуми, ја претстави летната понуда на Црна Гора за претстојното лето.

Претставници на повеќе градови од земјата ги споделија плановите за летото и ја поканија македонската јавност да ги помине летните месеци во некои од туристичките локалитети во Црна Гора. Исто така во модерниот трговски центар East Gate Skopje се дружеа со македонските граѓани, доделувајќи им промотивни материјали.


Заедно со претставниците на Туристичката организација на Општина Будва, во Скопје беа и претставници на другите туристички организации на повеќе црногорски градови: Тиват, Улцињ, Бар, Подгорица, Цетиње, како и Националната туристичка организација. Тие најавија дека нивните градови се подготвени за туристичката сезона и очекуваат исполнување на сместувачките капацитети на повеќето локации.


Цените на туристичките услуги се задржани на ланското ниво, и за приватно сместување се движат од 7 до 15 евра по човек, а од 30-60 евра за апартмани. Црна Гора беше една од првите земји која уште во март ги укина Ковид сертификатите, па се надеваме туристите ќе уживаат во понудата, изјави Лилјана Цукиќ од Националната туристичка организација. Весна Поповиќ од групацијата на хотели Монтенегро Старс, изјави дека “туристите во регионов немаат навика за ран букинг, и по тој основ да добиваат поефтини аранжмани до 30%. Во еден од најлуксузните хотели во Црна Гора “Сплендид” редовно доаѓаат македонски туристи, и тие се секогаш добродојдени за нас”.


Уште едно лето како Република Црна Гора ги отвора границите за туристите од околните земји, кои учествуваат со повеќе од 35% од вкупниот број посетители на годишно ниво. Особено во фокус беше Општина Будва и нејзината традиционално богата летна туристичка понуда, која секоја наредна година нуди повеќе од обичен престој покрај море. И оваа година карневалите, музичките настапи на познати изведувачи, театарските претстави на отворено и останатите забавни активности ќе ја збогатат понудата на Будва, чии пространи песочни плажи се очекува да бидат повторно полни ова лето.

„Како и секое лето, Будва со традиционалното добредојде полно со љубов сака да ги пречека сите гости од регионот, токму оние кои ние ги гледаме како многу повеќе од гости и кои низ текот на изминатите години и децении се заљубија во нашиот прекрасен брег. Гостите кои добро не’ познаваат и кои добро ги познаваме. Во име на нашата Туристичка организација, но и во името на целата земја, ја покануваме македонската јавност да помине уште едно лето во Црна Гора и да ги искуси сите летни атракции кои ги подготвуваме. Црна Гора и Будва ве очекуваат!“, изјави Тијана Котарац, претставник на Туристичката организација на Општина Будва.


Метрополата на туризмот во Црна Гора – така туристите го нарекуваат овој град стар повеќе од 2.500 години, кој е сместен токму во најубавиот дел од Медитеранот. Будва претставува единствен спој на богата култура и историја, но и на исклучително модерни содржини, па од таа причина посебно се истакнува на светската мапа на туристички дестинации.

Природата ја дарувала будванската ривиера со несекојдневна убавина и затоа најубавите плажи на Црна Гора, оние златни, песокливи плажи, се наоѓаат токму тука. Во околина на ривиерата се наоѓаат села кои самите по себе претставуваат автентична туристичка понуда, пред се’ поради природното опкружување и значајните културно-историски објекти. Љубителите на природата и активниот одмор можат да го прошетаат овој крај низ пешачките патеки од кои има постојан поглед на тврдината. Тешко е да се најде помала област со поголем број на културни споменици, воглавно манастири и цркви, кои датираат и од XI век, иако траги на живот на будванската ривиера се пронајдени и од времето на старите Грци, Енхелејци и Римјани.


Гастрономската понуда е она што ја прави Будва посебно возбудлива. Во повеќе од 100 ресторани на будванското крајбрежје може да се најде најдоброто од она што овој предел има да го понуди. Иако претежно медитеранска, будванската кујна вклучува и богата лепеза на рецепти, автохтони и прилагодени. Многу манифестации и значајни случувања се поврзани токму со храна и придружени со богата понуда на врвни вина.


На 25 километри долгата ривиера, во приватни сместувања, кои станаа вистинска гордост на Будва бидејќи им парираат на најквалитетните хотелски сместувања, се наоѓаат околу 32.000 кревети во соби, апартмани, куќи и вили за издавање. Потегот од плажата Јаз до плажата Буљарица опфаќа преку 140 хотели, од кои повеќе од половина се хотели од висока категорија, со 4 или 5 ѕвезди, хотели со конгресни, СПА и велнес содржини, туристички населби со детски игралишта, отворени базени и зелени оази, но и мали, бутик хотели, кои пленат со шармот на малите приморски градови.

Луѓето кои издаваат приватни сместувања и хотелиерите подготвија аранжмани за претстојната туристичка сезона, па така во будванските хотели со 3 ѕвезди може да се најде сместување почнувајќи од 30 евра со вклучен појадок, во хотелите со 4 ѕвезди почнувајќи од 40 евра, а во хотелите со 5 ѕвезди цените за сместување со вклучен појадок почнуваат од 97 евра по лице. Во зависност од категоријата на приватно сместување, цените за преноќување се движат од 10 евра па нагоре.

Драматично поделениот пејзаж, кој се карактеризира од една страна со бисерен ѓердан од преку 30 помали и поголеми песочни плажи, а од друга страна со голиот и сив, динамичен масив Ловќен, азурното море, благата и топла медитеранска клима со голем број сончеви денови, раскошниот вегетациски декор и низа други природни убавини, го чинат единствениот пејзажен колорит на будванското крајбрежје, поради што некои од будванските плажи, како на пример Бечиќи, се набројуваат и помеѓу најубавите плажи во Европа.


Плажите нудат голем број на уредени барови покрај плажа, атракции, но нудат и мир, доколку тоа е она што го барате. Доколку сакате да го промените амбиентот и наместо во море, да уживате во нешто поразлична околина, воопшто не морате да ги напуштите границите на будванската општина. Будва на своето крајбрежје долго 25 километри има околу 50 километри пешачки патеки кои поминуваат низ прекрасната природа, поврзувајќи ги автентичните приморски села.

На сите љубители на природата и активниот спорт им препорачуваме да ги посетат пешачките патеки на следните локации:

- Ластва Грбаљска → Крапина → Побори → Манастир Стањевиќи

- Коложун → Стањевиќи → Брајиќи → Ограџеница → Паштровска гора

- Брајиќи → Село Куљаче → Пржно

- Коритница → Јаришта → Крапина

- Стањевиќи → Лапчиќи

- Тудоровиќи → Ограѓеница

Историски најпознатата пешачка патека е Јегоров пат, која цели 10 години беше клесана во камен, од Милоќер до Челобрд, од страна на едноракиот руски монах Јегор Строганов од манастирот Прасквица. Неговата приказна инспирираше бројни уметници и натера голем број луѓе да прошетаат по овој пат и од видиковецот на Челобрд да направат некои од највпечатливите фотографии од своите патувања.


Составена од мали, прекрасни камени куќи, селата на будванското крајбрежје сведочат за традицијата на руралното подрачје на Будва. Доживувањето на летото тука е сосема различно искуство.

Во овие краеви луѓето се придржуваат до традициите и обичаите, кои иако прилагодени за модерното доба, сепак се во голема мера зачувани. Благодарение на традицијата беше зачуван и специфичен дел од културниот идентитет на овдешното население. Тешко е да се пронајде помала област со поголем број на културурни споменици, воглавно манастири и цркви, кои датираат дури и назад до XI век. Нивните ризници чуваат артефакти од огромна уметничка и историска вредност.


Домашната кујна е во потполна согласност со околната природа, општите услови на живот, културата на мештаните и влијанието на големите држави кои некогаш владееле на овие простори. Здравиот природен амбиент, традиционалната кујна, свежото домашно овошје и зеленчук, изворската вода, можноста за уживање во шетањето преку ридестите и планински краеви на брегот, запознавањето со историјата и културата на овој крај, близината на најубавите плажи на будванското крајбрежје – се само некои од причините зошто будванските села ги нарекуваат „бисери на Јадранот“ кои мора да се посетат.

Светскиот совет за патување и туризам – World Travel Tourism Council (WTTC) на почетокот на 2020 година ја изработи меѓународната ознака „Safe Travels“ за сигурни патувања, за патниците на овој начин полесно да ги препознаат дестинациите и туристичките сместувалишта кои ги имаат усвоено светските стандардни за здравствена и хигиенска заштита, а дел од тој систем е и Црна Гора.

Од почетокот на кампањата, на територијата на општина Будва, меѓународната ознака за сигурни патувања ја добија повеќе од 50 туристички субјекти.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг