Спајдермен на четири тркала: Како американската полиција го сопира возилата кои бегаат

Точка

04/05/2022

16:21

36.225

Големина на фонт

а а а

Уредот изгледа како гаџет од некој стрип …

Специјалниот уред кој во жаргон го нарекуваат „фаќалка“ личи на двокрака виљушка на предниот дел од полициското возило. Опремен е со колани со висока цврстина, а целиот систем е дизајниран на тој начин што во потера, кога полициски автомобил ќе се приближи до бегалецот, се става под задното тркало на возилото во бегство. Лентите се наменети да го „фатат“ задното тркало и да го сопрат автомобилот.

Овој уред се почесто се користи во САД, а последен пат бил употребен во петокот, на 29-ти април во попладневните часови, во Аризона, северно од Феникс.

Човекот зад воланот од автомобилот е 30-годишниот Брендон Смит, кој се впуштил во бегство откако полицијата во возилото забележала оружје и нешто што изгледало како дрога. Властите велат дека не го бркале патролни возила, туку најпрво пратиле хеликоптер по него.

За стопирање на крајот биле користени специјални полициски возила, а едно од нив, опремено со „фаќалка“, успеало да го сопре автомобилот.

Смит бил уапсен и одведен во затвор, каде ќе се соочи со бројни обвиненија, вклучувајќи за носење на оружје, поседување на дрога и противзаконско бегство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг