120 милиони евра за компанијата „од гаража“: Римац привлекол нови моќни партнери

Точка

28/04/2022

16:47

37.843

Големина на фонт

а а а

„Investindustrial“ предвидува дека до 2025-та година секоја трето ново возило на патиштата ќе биде на електричен погон.

Италијанскиот инвестициски фонд, „Investindustrial“, вложува вкупно 120 милиони евра во „Rimac Group“ во неколку кругови на финансирање.

Иако дел се веќе вложени, тој износ вклучување учество на фондот и во следниот инвестициски круг за „Rimac“, кој ќе биде довршен наскоро, рекле од „Rimac Group“ за „Hina“.

Средствата, навеле од Групата, првенствено ќе се користат за понатамошен развој на компанијата „Rimac Technology“ и сериско производство на поголеми количини од клучните компоненти за електрификација на возилата за глобалните произведувачи на автомобили.


Кои се главни акционери во „Rimac Group“?

На ова прашање, од компанијата одговараат дека тоа се Мате Римац, основач, со удел од 32,64 проценти, потоа „Porsche AG“ со удел од 23,25 проценти, „Hunday Motor Group“ со 10,35 проценти, а сите заедно држат 33,76 проценти од сопствеништвото.

„Акционерската структура е подложна на промени во следниот круг на вложувања“, рекла портпаролката на „Rimac Gruop“, Марта Лонгин.

„Investindustrial“ предвидува дека до 2025-та година секоја трето ново возило на патиштата ќе биде на електричен погон, а пет години подоцна – секое второ возило.


Мате Римац ја основал компанијата во 2009-та година, и тоа буквално во гаража, а денес вработува повеќе од 1.300 луѓе. Меѓу другите, „Rimac Automobili“ изработува некои делови за „Aston Martin“, „Pininfarina“, „Hyundai“, „Kia“, „Koenigsegg“ и „Porsche“.

Минато јули, младиот Хрват рекол дека неговата компанија развива проект за автономно возило, таканаречено роботакси, а првиот пробен модел би можел да се најде на улиците во 2024-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг