Еве како ќе изгледа електричниот автомобил кој ќе го произведува „Fiat“ од Крагуевац

Точка

28/04/2022

13:53

39.078

Големина на фонт

а а а

Денеска е одржан состанок меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претставник на европскиот произведувач на автомобили „Stellantis“, по кој бил потпишан договор за финансирање на производството на електрични автомобили во фабриката на „Fiat“ во Крагуевац.

Веднаш се поставило прашањето, кој модел на електричен автомобил ќе се произведува. Компанијата „Stellantis“ веќе некое време најавува свое враќање на голема врата во индустријата за автомобили, и тоа со редизајнираниот електричен модел на познатата „Panda“.

Компанијата во 2019-та година го претставила концептот „Centoventi“ на основа на кој „Panda“ била редизајнирана, а пред 2 години најавиле дека планираат да започнат производство на концептот „Centoventi“. Според пишувањето на британскиот сајт „Autocar“, производството на овој модел ќе започне во 2023-та година, што се поклопува со најавите дека во Крагуевац ќе почне со производство во 2024-та година.

Станува збор за компактен модел наменет за градско возење, а дизајнот кој е одобрен ќе биде премиерно прикажан следната година. Ќе биде достапен во целосно електрична и хибридна варијанта, а ќе се наоѓа на „CMP“ платформата на „Stellantis“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рекол дека ова е важен ден за Србија.

„Ние денеска почнуваме нова ера во инвестициите во нашата земја и во нашето однесување во иднината“, рекол тој обраќајќи им се на медиумите по состанокот кога додал дека станува збор за инвестиција од 190 милиони евра, од кои државата ќе даде 48 милиони.


Србија е дел од долгорочниот план на „Stellantis“

Извршниот директор на компанијата „Stellantis“ Карос Тавареш изјавил денеска дека доаѓањето на таа корпорација во Србија е дел од долгорочниот стратешки план на „Stellantis“ до 2030-та. Главната цел на компанијата е карбонски неутрално производство и намалена емисија на јаглерод диоксид.

Тавареш рекол дека планот на таа компанија е до 2030-та година да произведе најмалку 75 нови модели на електрични возила, од кои 50 ќе бидат произведени во Европа.

„Важно е да се подготвиме да бидеме во состојба да продадеме 100 проценти од електричните возила до 2030-та година затоа што тоа ќе ја направи слободата на движењето уште почиста“, рекол Тавареш пред новинарите по потпишувањето на договорот со компанијата „Stellantis“ и Владата на Србија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг