Дали знаете зошто „Ferrari“ автомобилите се црвени? Одговорот има врска со минатото...

Точка

26/04/2022

17:00

37.240

Големина на фонт

а а а

Не постои ништо полегендарно за брендот „Ferrari“ од бојата на каросеријата „Rossa Corsa“, но како бојата стана синоним за италијанскиот бренд автомобили?

Тоа не било избор основан на дизајнот, па што тогаш е вистинското значење зад изборот на боја? Откриваме од каде започнало произведувањето „Ferrari“ и нивната впечатлива нијанса на црвена боја и зошто поголем дел од моделите на овој бренд се во црвена боја.

Црвената боја е заштитен знак на раскошниот и луксузен дизајн на „Ferrari“ така што не е ниту чудно што првиот автомобил којшто бил направен од тој бренд бил црвен.


Зошто црвената боја?

Црвената боја е дел од ДНК-та на „Ferrari“. Кога ќе помислите на тој бренд автомобили, моќната нијанса на црвената боја секогаш моментално е тука. Сепак, фиксацијата на компаниите за боја не била само поради нејзината естетика.

Поврзаноста на црвената боја со „Ferrari“ започнала во раниот 20-ти век кога организаторите на трките а спортски автомобили имале прописи кои ги приредиле – секој тим да го офарба својот автомобил во соодветна боја на земјата од којашто доаѓа. Британските автомобили биле зелени, француските сини, а италијанските црвени.

Како италијанска компанија „Ferrari“ морал да ја усвои црвената боја преку каросеријата на своите тркачки автомобили. Сопственикот Енцо Ферари бил многу фасциниран на трките и го видел спортот како средство за финансии. Како што тимот на „Ferrari“ станувал поуспешен во трките, така нивната впечатлива боја на каросерија станала незаборавна, а набрзо црвената станала нивен потпис.


На почетокот на 90-те години кога славата на „Ferrari“ нагло се зголемила, околу 85 отсто од сите „Ferrari“ производи биле црвени.

Најпознатата црвена боја на „Ferrari“ е Roso Korsa што во превод значи „тркачка црвена“.

Оваа легендарна нијанса отелотворила некои од нивните најкласични модели, вклучувајќи ги 288 GTO и 488 Pista. Иако таа боја е најпозната, сепак не е единствена нијанса на црвена боја во која автомобилите се дизајнирани.

Постојат и посветли нијанси како што е Roso Skuderi и потемни тонови како Roso Mugelo.

Црвената станала симбол на „Ferrari“, односно на нивната тркачка страст и моќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг