Ова е новото "BMW Series 7" чиј изглед ќе го обожувате

Точка

20/04/2022

22:07

37.000

Големина на фонт

а а а

Ова е најважната "седмица" во историјата: За прв пат од своето деби во далечната 1977-ма година, "Серија 7" доаѓа и со електрична верзија "i7".

За разлика од повеќето ривали кои најавуваат откажување од "SUS" агрегати, во баварскиот бренд веруваат дека овие и натаму имаат што да кажат и дека така ќе биде уште некое време. Поради тоа и новата "Серија 7" доаѓа во три верзии, две кои се потпираат на термички мотори и "EV" издание под ознаката "i7", во склад со номенклатурата на остатокот од електричното портфолио на оваа марка.


За почеток, вреди да се каже дека новата генерација на "седмицата" за жал останала без "V12" погонските единици. По низа години тој мотор нема да биде достапен кај "BMW", пред се поради проблемите со емисионата регулатива. Наместо него, круната на понудата ја сочинува "V8" кај 760i xDrive. Станува збор за агрегат со работен капацитет од 4,4 литри кој доставува 543 коњски сили и 750 Nm. На помош од време на време "му притрчува" системот со благ хибрид од 48V.


На второ место е 740i кој користи шестцилиндричен мотор со капацитет од три литри. Тука возачот може да смета на респектабилни 380 коњски сили и 540 Нм. Што се однесува до моделот "i7", "BMW" овозможил одлични перформанси со помош на два електромотори, па на располагање има вкупно 544 коњски сили и 744 Nm, што е еднакво со најмоќното "SUS" издание.


Според првите информации, "I7" ќе се потпира на батерија со капацитет од 101,7 kWh. Според "WLTP" протоколот во состојба е да мине околу 620 километри, во комбиниран циклус на возење.

BMW i7

"BMW" отишол во друга насока наспроти претходниот модел и тргнал по пат кој може да се види од тукушто претставениот X7. На лицето сега доминира дводелна светлосна групација. Уште една карактеристика која често се наметнува се огромните "бубрези", кои биле и останале предмет на критики од експертите. Се на се, изгледа дека оваа "седмица" е многу понескладен автомобил од моделите во заминување, па таа особина отстапила место за несекојдневно стилизирање во желба да се оствари некој нов идентитет.


Огромни промени се случиле и во кабината, каде фокусот бил на дигитализацијата. Пред возачот има огромен, заоблен дисплеј поделен на две компоненти. Едната претставува инструментална табла (12,3 инчи), додека другата служи за управување со информативно-забавниот систем.


Но, тоа не е ништо во споредба со тоа што се наоѓа на задните седишта. Од кровот се спушта гигантски екран со дијагонала од 31,3 инчи. Патниците позади можат да управуваат со овој диспеј преку таблет кој се наоѓа на вратите. "BMW" наведува дека со квалитетот од 8K и аудио системот "Bowers & Wilkins", доживувањето е како во вистинско кино.


Исто така важно е да се истакне дека "BMW" ја вградил практично сета технологија која ја поседува, од автоматско паркирање до низа напредни активни безбедносни системи.

Европејците, засега, без стандардната "седмица", во понудата само I7

Како што стои во соопштението на "BMW", споменатите мотори со внатрешно согорување нема да бидат достапни на стариот континент. Иницијално, европските купувачи ќе можат да се почастат само со електричното издание I7.

Меѓутоа, од "BMW" не кажал дека европските потрошувачи воопшто нема да можат да купат "седмица" со термички агрегати. Во план е подоцна да се приклучи и моделот "740d", односно "дизелашот" со работен капацитет од 3 литри со шест редно поставени цилиндри. Овој мотор располага со 300 коњски сили и 670 Nm.


Освен него, се најавуваат и повеќе плаг-ин варијанти, при што една од нив ќе ја носи ознаката M. Сепак, круна на понудата ќе претставува I7 M70 xDrive. Сите наведени верзии би требало да се најдат на пазарот на пролет следната година, додека продажбата на тука претставените изданија ќе започне во ноември оваа година на глобално ниво.


На пролет во 2023-та година се очекуваат уште две верзии, односно 760i xDrive, која ќе има 544 коњски сили.

Плаг-ин хибридните верзии исто таа се очекуваат на почетокот на наредната година со петта генерација на мотор и ќе имаат очекувана автономија од 80 километри по WLTP циклус во електричен мод на возење.

После тоа се очекува уште помоќна верзија на "BMW i7" со ознака M70 xDrive со вкупна сила од 485KW/600 КС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг