(Фото) „X Speedium Coupe“: Новото корејско купе никого не остава рамнодушен

Точка

19/04/2022

18:48

33.271

Големина на фонт

а а а

„Genesis“ го претстави новиот луксузен електричен концепт – „X Speedium Coupe“.

Корејскиот произведувач на премиум автомобили, „Genesis“, во последните години донесе многу освежувања на светската сцена, а оние кои мислеа дека овој новонастанат бренд нема да може да се справи со силната конкуренција на пазарот, се излажаа.

Асортиманот на „Genesis“ станува сè побогат, а неговите луксузни модели добро котираат, како кај своите сопственици, така и во медиумите. Во исчекување на електричниот „GV60“ во Кореја, тие одржуваат високо ниво кога станува збор за дизајнот.


По минатогодишниот концепт наречен „X Coupe“, сега пристигна своевидна еволуција на ова возило. Класичниот „GT“ стана „фастбек“, односно доби малку поинаква каросерија и ознака „X Speedium Coupe“.

Најголемата новост е задниот дел, каде линијата на покривот се протега преку задното стакло, до крајот на автомобилот.


Инаку, станува збор за најава на нов дизајнерски израз кој ќе се користи на електричните модели на корејската марка. Предниот дел сè уште е препознатлив, со типична триаголна рамка која сега доби контури од „LED“ светла.

Бидејќи се работи за автомобил на електричен погон, класичната решетка на маската на ладилникот е изоставена. Задниот дел на автомобилот е подеднакво импресивен, кој за некои можеби ќе наликува на „Aston Martin“.


Во секој случај, „Genesis“ направи уште еден атрактивен автомобил под палката на познатиот дизајнер Лука Донкерволке.

Шефот за дизајн на „Genesis“ потврди дека ова не е само изложбен автомобил, туку резултат на развојот на дизајнот на идната линија на продукциски електрични модели.


Паралелно со претставувањето на концептот, „Genesis“ објави дека отвора список за нарачки за „GV60“, првиот електричен модел во понудата.

За потсетување, станува збор за „SUV“ модел на механичката платформа „E-GMP“ со три достапни погони, од основните 228 коњски сили и 350 Nm до спортската верзија со 435 коњски сили и 605 Nm.



Спонзорирани линкови

Маркетинг